ВИДЕО: Американката со презиме од 35 букви успеа да го промени законот на Хаваи

Од:

Американката која има најдолго презиме успеа да ги убеди властите на Хаваи да го променат форматот на личните карти и другите документи кои ги издаваат, за да и биде овозоможено да ги напише сите 35 букви на своето презиме.

Џенис Кеиханаикукауакахихулихеекахаунаеле, која го носи презимето на покојниот сопруг, никогаш не посакала да го скрати или да го врати моминското презиме, Ворт.

– Ја сакам полинезиската култура која ја прифатив кога се омажив во Хаваи. Го обожувам своето хавајско презиме, вели Џенис.

Долги години на возачката дозвола и личната карта нејзиното презиме беше скратено за една буква, или поради недостиг на простор, нејзиното име беше изоставено.

Откако својот проблем го изнесе во медиумите, властите одлучија да воведат документи на кои максимумот букви за име и презиме ќе се зголеми на 40. 

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ