Предвремени избори до крајот на оваа година, бара Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изразил благодарност за сплотеноста на пратеничката група затоа што покажала дека ја почитува волјата на народот и е против наметнати уставни измени, истовремено барајќи од претседателот на Собранието Талат Џафери да не го злоупотребува Деловникот.

– Бараме Талат Џафери да не го злоупотребува Деловникот. Тој треба да овозможи да се носат одлуки без разлика на тоа дали на власта и се допаѓаат одлуките или не. Трета работа што ја заклучи ИК е дека оваа власт е делегитимирана и не носи решенија во економијата, пензионерите. Затоа сметаме дека излезот би бил предвремени парламентарни избори во текот на оваа година. Тоа би требало да се одлучи со конзенсуз на сите политички партии, да се направат потребните измени и дополнувања на Изборниот законик и да одиме на избори. Народот да може да ја донесе одлуката за решение за ваквата проблематична состојба – рече Антонио Милошоски од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ќе продолжи со сите демократски алатки да се труди да предизвика предвремени парламентарни избори, но тоа да не биде процес на надгласување.

– Тоа треба да биде процес на заедничка согласност во која сите политички и стопански фактори би требало да дадат поддршка за избори, да се понуди програма за излез од политичката и економската криза која оваа власт ја донесе во Македонија – додаде Милошоски.

Од партијата велат дека Деловникот е многу јасен, кога се гласа за избор на Влада, за промена на Устав или интерпелација, не смее политичките симпатии да бидат одлучувачки фактор дали ќе се донесе одлука или нема да се донесе.

– Треба да се стави веднаш на гласање и да се види дека нема мнозинство за отворање на Уставот. Сметаме дека тоа што ДУИ и СДСМ манипулираа дека имаа мнозинство, не треба да биде аргумент да се попречува собраниската одлука – потенцира тој.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски