Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат притисоци да гласаат за Уставот, СДСМ нема 80 пратеници

Од:

На помалку до 48 часа до пленарната седница во Собранието на која единствена точка е гласање на потребата од отворање на Уставот, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека измени на уставот во факов формат и под бугарски диктат, нема да поддржат.

– Истото ќе го повториме и на пленарната седница и ќе биде добра можност да се види дека власта цела година лаже и манипулира со бројките за уставни и дека таа е не е ни блиску до уставни измени. Власта е разголена и тоа се случува секогаш кога личните интереси се ставаат на прво место. После оваа седница очекувамо одговорност – истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Најголемата опозиција партија ќе дозволи да почне седницата, ќе учествува на неа и ќе ги образложи своите аргументи, а очекува да биде ставен предлогот на гласање за конечно да се види дали СДСМ и ДУИ имаат гласови од 80 пратеници потребни за отворање на Уставот.

– Да дозволиме да почне седницата, ќе го видите настапот на ВМРО-ДПМНЕ и аргументирано ќе објасниме ова што е став сега на пратеничката група. До мене тоа што е стигнато е дека пратениците немаат никакви притисоци, туку имаме поддршка од граѓаните кои на улица не застануваат и бараат да не отстапиме. Процедурата е јасна, јас се надевам дека ќе го стават на гласање и македонската јавност ќе види со кого ќе има работа – порача Мицевски.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата