Протест пред судот во Тетово: „Имаме 97 жртви, а ниту еден ден затвор за тие кои ги предизвикаа несреќите“

Од:

Роднините на 14 загинати во пожарот во модуларната болница заедно со стотина граѓани излегоа денеска на протест пред Основниот суд во Тетово откако беше објавен документарниот филм на ИРЛ, „Убиство во Тетово“ во кој беа споделени документи, сведочења и прикривање на докази од институциите на системот.

– Ние се собравме да го изразиме нашиот револт после емисијата на ИРЛ. Ние сме сигурни дека не функционира ништо во оваа држава, ниту институциите. Имаме 97 жртви за пет години, а ниту еден ден затвор за тие кои предизвикале несреќите да се случат. Доста е, сакаме да им кажеме на институциите дека ништо не функционира. Не се казнети тие што се причинители за пожарот во модуларната болница. Прво ОЈО и сите обвинители што биле приклучени во предметот да дадат откази и да бидат кривично гонети за тоа што криеле докази. Ова судење не ја задоволи правдата – истакнаа роднините на загинатите во пожарот во болницата во Тетово.

Основниот суд во Тетово изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело тешки дела против општата сигурност за пожарот во Модуларната болница во Тетово, додека од обвинението беше ослободен д-р Бобан Вучевски кој се товареше за делото непостапување по здравствени прописи. На Клиничката болница ѝ е изречена парична казна од еден милион денари.

Обвинителот во Тетово ги гонеше двајцата ексдиректори на тетовската болница и докторот задолжен за модуларниот објект, но не го гонеше никого за причините за настанувањ на пожарот, како и за изградбата на објекти со материјали кои немаат противпожарна заштита.

Би можело да ве интересира

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Активен е пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино

Пожар во скопската населба Бутел 1, се запали кровна конструкција на барака