Вработените во ЕВН Куманово ги напуштија канцелариите: Загрозена им е безбедноста

Од:

Вработените на КЕЦ Куманово ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа.

„Се до создавање на нормални услови за работа, Корисничкиот енерго центар на ЕВН – Куманово нема да работи“, дознава „А1он“.

Од ЕВН претходно потврдија дека толпа жители од кумановското село Оризари влегла насилно во просториите на подружницата на ЕВН во Куманово.

Жителите барале од ЕВН да им ја вклучи електричната енергија откако останаа вчера беа струја заедно со неколку села од општината Липково во која се наоѓа и ова село.

По вчерашната блокада за да ги спречат повторно да работат екипите на ЕВН, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја.

Кумановското село Слупчане и другите околни села Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце се уште се соочуваат со прекини во снабдувањето поради сериозниот дефект.

Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија на селата Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце, но селата Слупчане и Оризари во општина Липково се уште се без напојување со електрична енергија. Од компанијата велат дека се додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

Вчера жителите на Слупчане го блокираа патот во селото и не им дозволија на екипите на ЕВН да работат на мрежата.

За да им дозволат на екипите на ЕВН да работат, мештаните доставија официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се опростат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра и да добијат бесплатни нови приклучоци, а без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари. Во барањето кое ЕВН го достави до „А1он“ жителите бараат верските објекти да не плаќаат струја.

Би можело да ве интересира

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Експертски тим ќе утврдува од што почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми

А1он

Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени се пиротехнички средства

А1он