Меџити, Касами и Гаши на средба за да ги дружат силите

Од:

Лидерите на Алтернатива и Беса, Африм Гаши и Биљал Касами денеска ќе се сретнат со Изет Меџити, кој неодамна најави дека ќе формира ново политичко движење во кое веќе се вклучени тројца пратеници од редовите на ДУИ, потврди Меџити.

На заедничка маса, Меџити, Касами и Гаши се очекува да ги стават заедничките цели и ќе ги разгледуваат можностите за соработка.

Веќе неколку месеци на маса е ставена точката за окрупнување на албанскиот опозициски блок. Целта е обединување против ДУИ оти сметаат дека тамошните функционери се грижат само за нив, но не и за граѓаните.

Како што нагласуваат од Алтернатива за МИА, по завршување на средбата медиумите ќе бидат информирани преку соопштение.

Претседателот на Движењето „Беса“, Биљал Касами минатата недела најави дека ќе соработува во поширок опозициски блок и со Изет Меџити, кого го чека да формира партија. Според Касами, можно е опозиционерите да имаат заедничка листа.

Би можело да ве интересира

Што носи Законот за игри на среќа: Објекти на 500 метри од училишта, забрана за рекалмирање, нема казина во населени места

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Меџити: На секој Албанец му се дава шанса за вработување во администрација – шерифите од Речица остануваат без работа

А1он

Соработничка на Меџити добива државни пари од три институции, тврди Левица

Гаши: Мнозинството останува стабилно, Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет

Таравари избра да оди со ДУИ, нека му е со среќа, изјави Меџити