Хашкиот суд го отфрли барањето за одлагање на судскиот процес на Ратко Младиќ

Од:

Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија денеска го отфрли барањето на одбраната на поранешниот воен лидер на босанските Срби генерал Ратко Младиќ, процесот против него да биде одложен за шест месеци или да бидат разгледани промени во начинот на претставување на доказите.

На 9 јули пред Обвинителството да го претстави првиот сведок, адвокатот на Младиќ, Бранко Лукиќ поднесе барање за одлагање на процесот за шест месеци, со образложение дека „драстичните“ промени во правилата за претставување на доказите на обвинението може да го нарушат правото на обвинетиот за фер судење.

Претседателот на Судот Алфонс Ори денеска соопшти дека според судиите барањето е неосновано и Трибуналот ги отфрла.

Ратко Младиќ е обвинет за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законоите и обичаите на војување.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска