Албанската полиција запленила оружје и муниција кои требало да бидат пренесени во Македонија

Од:

Полицијата од албанскиот град Поградец запленила арсенал оружје и воена муниција, што требало да бидат прошверцувани во Северна Македонија, соопшти полицијата.

-Финализирана е акцијата „Старова” во која запленети се лесен митралез, автоматско огнено оружје, две полуавтоматски пушки, значителна количина боева муниција, реденик за миталез со 30 куршуми, рачни гранати, подвижни делови од пушката. Истите се одземени како материјален доказ, стои во полициското соопштение.

Оружјето и муницијата се пронајдени во штала за добиток, до куќата на 40 – годишен жител на селото Старова кај Поградец, претходно осудуван за „производство и продажба на наркотици”.

– Од спроведената истрага постојат основи на сомнение дека оружјето и миницијата уапсеното лице ќе го транспортира во правец на Северна Македонија. Продолжува работата на целосно документирање на оваа незаконска дејност, наведува полицијата.

Случајот е предаден на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Корча.

Би можело да ве интересира

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Извештај на „Булевар Волтер“: Исчезнува оружје од западните пратки за Украина

(ВИДЕО) Венецуелската војска ги вооружува цивилите во работничките населби

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

Полицијата пронајде оружје и муниција кај американски државјанин со потекло од Нигерија

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски