Зголемени цените на угостителските услуги

Од:

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 13,3 отсто, a во однос на декември 2022 година е зголемен за 2,8 проценти.

Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во однос на истиот месец опретходната година, е зголемен за 12,2 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година во споредба со мај 2023 е зголемен за 0,3 проценти. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2, Алкохолни пијалаци за 1 и Безалкохолни пијалаци за 0,5 отсто.

Би можело да ве интересира

Контроли во угостителски објекти: Се точи алкохол на малолетници, пронајдена марихуана

А1он

За 7,7 отсто зголемен индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023 во однос на истиот месец лани

Грција ги олабавува мерките воведени за угостителските објекти

А1он

Неделава ќе се утврдува кој ќе ги проверува граѓаните дали се вакцинирани, пред да влезат во кафуле или во ресторан

Мери Јордановска

Владата и МЗ со различни ставови – ќе смеат ли воопшто невакцинираните лица да влегуваат во ресторани и кафулиња?

Мери Јордановска

Бектеши: За да одите по кафулиња и ресторани, треба да сте вакцинирани

Катерина Ѓуровски