Бектеши: За да одите по кафулиња и ресторани, треба да сте вакцинирани

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните, особено угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот. Тој потенцира дека како Влада се обврзани да ги поттикнат сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да не бидат доведени во ситуација да воведат порестриктивни мерки. Вели дека само вакцинираните ќе имаат право да посетуваат кафулиња и ресторани.

dobivaj vesti na viber

-Ако сме доведени во ситуација да воведеме целосен „локдаун“ на одреден сектор, ние, како и претходно, ќе донесеме економски мерки за целосно затворање на одредени сектори, рече Бектеши.

Тој појасни дека мерките донесени од Владата, не се за целосно затворање на угостителски објекти туку само за тие кои работат внатре. Во оние кои работат на отворено, со капацитет над 30 гости, секој кој ќе сака да влезе треба на редарските служби да им покаже сертификат дека е вакциниран.

-Објектите кои се со капацитет под 30 гости, не се обврзани да имаат редарски служби, вели министерот за економија.

Тој потенцира дека Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли на сите угостителски објекти дали мерката се почитува или не.

-Од 16 август, во внатрешните простории не може да имагости. Надвор, на терасите, треба да се почитуваат протоколите и плус сега со дополнувањето да се има потврда за вакцинација. Од 16 август нема да има свадби и прослави во затворен простор. На отворено, како што се бара потврда за вакцинација во угостителските објекти, така ќе се бара и за тие кои организираат свадби и прослави гостите да покажат потврда дека се вакцинирани, изјави Бектеши, дополнувајќи дека остануваат претходно донесените протоколи за угостителските објекти, сега дополнително со новата мерка.

Би можело да ве интересира

ТЕЦ Неготино нема да се вклучи затоа што ќе произведува поскапа струја од увозната

Орце Костов

Бектеши: Арачиново нема заштеда на струја, потрошиле 474 отсто повеќе од лани

Орце Костов

ВИДЕО: Цената на струјата нема да се зголеми, можно е да има и намалување според прогнозите на министерството за економија

Орце Костов

Бектеши: Институциите заштедиле 20 отсто струја освен министерството на Горан Милевски кое потрошило повеќе

Горан Наумовски

Администрацијата од утре ќе проветрува за да заштеди најмалку шест милиони евра

Орце Костов

Бектеши: 72.000 компании добиваат субвенционирана струја, мал дел од компаниите се на слободен пазар

А1он