Јавното претпријатие за државни патишта информира дека врз основа на обврските од Договорот за реализација на делниците на Коридор 8 и 10 д, согласно Програмата за финансирање на патната инфраструктура за проектите на Коридорите 8 и 10 д за 2023 година усвоена од Владата и објавена во Службен весник бр.63/23, исплатени се 3.280.000.000 денари или околу 53,3 милиони евра.
Овие пари се аванс за изведувачот кој треба да набави опрема, бази и материјали.
– Овие средства се наменети за авансно плаќање согласно со член 14.2. од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10Д, односно за мобилизација, набавка на опрема, бази и материјали за изведувачот и за поддршка на пристап до средства, за геоемханички испитувања, мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување на кампови, лабараторија и други работи од страна на изведувачот, соопштија денеска од Јавно претпријатие за државни патишта.
За Владата, коридорите 8 и 10д се стратешки приоритет и најголем инфраструктурен проект со кој до 2027 година ќе се изградат 110 километри автопатишта за што државата ќе издвои најмалку 1,3 милијарди евра.