Пијаниот Даниел Купер надзорните камери го снимиле како со спуштени пантолони и крената маица симулира секс со Ленд Ровер, кој бил паркиран пред еден ресторан, пишува „ The Mirror“.
Но тоа не е се, шокираните сведоци кои се затекнале во ресторанот кога во него бил и Купер, на полицијата им раскажале дека пред сцената со Ленд Ровер, тој симулирал секс и со пултот, а потоа спуштени пантолони до глуждовите и кренатамаица легнал на подот правејќи го истото.
Кога го привеле 24-годишниот маж, тој на полицајците им рекол дека апсолутно на ништо не се сеќава затоа што многу се напил и дека не е навикнат на алкохол. Приведен е пред Судот за прекршоци каде неговиот адвокат рече дека Купер се чувствува многу засрамено и дека станува збор за одговорен семеен човек.
Сепак, добил тримесечна забрана за излегување во петок, сабота и недела, во периодот од 19:00 до 7:00 часот наредниот ден.