Продолжува блокадата на македонско-косовската граница

Од:

Продолжува трговската блокада на Косово за македонски производи, што почна во петокот, а превозниците од „Макамтранс“ веќе трет ден ја блокираат косовската граница. Блокадата на граничните премини Блаце и Јажинце од страна на македонските превозници го прекина сообраќајот за сите видови возила во двата правци.

Македонскиот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски вчера ја повика вицепремиерката и министерка за трговија и индустрија на Косово, Мимоза Кусари Лила на заеднички тв дуел на кој ќе ги соочат аргументите во интерес на вистината и надминување на новонастанатата ситуација меѓу двете држави.

–  И јас и Вие сме сведоци на една прилично непријатна ситуација во која се најдоа нашите држави во текот на последните неколку дена. Во јавноста во двете земји кружат различни информации и постојат многу различни мислења околу мотивите, причините, фактите и аргументите врз кои се базира актуелната ситуација. Тоа предизвикува забуна и не придонесува за надминување на состојбите. Мислам дека на граѓаните им ја должиме вистината. Затоа Ве поканувам и повикувам на заеднички телевизиски настап, уште денес, каде што пред очите на јавноста ќе може да ги презентирам нашите аргументи, а граѓаните да извлечат заклучок. Тој телевизиски заеднички настап може да биде на Алсат телевизија, или на телевизија која Вие ќе ја посочите, а зрачи и во двете држави, вели Пешевски во писмото упатено до неговата колешка.

Тој смета дека ситуацијата заслужува транспарентност и верува дека нивниот разговор пред јавноста ќе придонесе за надминување на сегашната ситуација и ќе помогне во иднина да се спречат вакви слични проблеми.

Косовската радиотелевизија објави дека премиерот на Косово Хашим Тачи побарал брзо да се надминат недоразбирањата меѓу Косово и Македонија и ја задолжил вицепремиерката и министер за трговија Мимоза Кусари проблемот да се реши најдоцна до денеска.

Тачи изјавил дека блокадата на границата не е во интерес ниту на Косово ниту на Македонија, и е спротивна на европерспективите и добрососедските односи на двете земји.

Тачи навел дека разговарал со македонскиот премиер и оти очекува состојбата да се врати во нормала како што беше пред воведувањето на косовското ембарго и македонските влезни такси.

Би можело да ве интересира

Во првата половина од годинава од земјава извезени стоки во вредност од 4,034 милијарди евра

Кинеската економија порасна во вториот квартал од 2025 година благодарение на силниот извоз

Вучиќ: Курти целосно го изгуби разумот

Горан Наумовски

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

Разговарано е со САД за царински олеснувања, може ќе сме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови, вели Мицкоски

Раст на извозот од 3,2 отсто во периодот јануари – мај годинава