Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека податоците на Државниот завод за статистика за увозот и извозот за септември годинава покажуваат историски најголема разлика помеѓу нив во корист на извозот, кој расте со стапка од 22- до 3 проценти во евра, а увозот се зголемува со стапка 8-9 во евра и сето тоа, како што нагласи, во услови кога имаме историски најголема енергетска криза. Според него, во овој трет квартал од оваа година за 85-86 милиони евра е помала разликата помеѓу увозот и извозот во споредба со третиот квартал лани.

– Вчера, ДЗС објави многу значајни параметри и податоци. Имено, ги објави податоците за септември увоз – извоз, односно трговската размена што ја правиме со светот. Она што можам да го забележам е историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, односно во септември извозот расте со стапка од 22 до 23 отсто во евра, а увозот се зголемува со стапка 8-9 отсто во евра во услови кога имаме историски најголема енергетска криза. Ги знаете цените на нафтените деривати. Значи, многу побргу растеме како извоз отколку како увоз – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на Пирава.

Според него, ако се направи анализа на третиот квартал оваа година, ќе се дојде до заклучок дека во овој трет квартал од оваа година за 85-86 милиони евра е помала разликата помеѓу увозот и извозот во споредба со третиот квартал од претходната година.

– Тоа значи дека повеќе девизи влегуваат во државата. Уште еден податок, кој, за жал за опозицијата, е несреќен. Тие сакаат таа разлика да се зголемува, што е можно повеќе да се одливаат девизи. Но, за нивна жал, а за доброто на граѓаните, оваа Влада работи и испорачува резултати и тие резултати се гледаат низ призмата на бројките, а не низ призмата на гола политика, конструкции и лаги што тие ги кажуваат – рече премиерот Мицкоски прашан за став во врска со последните податоци што ги објави ДЗС за увозот и извозот.

Би можело да ве интересира

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман