Вишиот, Врховниот и Апелациониот суд во Подгорица денеска добија дојава за бомбата, изјави Марија Раковиќ, советник за односи со јавноста на Вишиот суд.
Таа истакна дека пријавата е примена преку електронска пошта, и дека евакуацијата е во тек, објави порталот РТЦГ.
Управата на полицијата утрово соопшти дека била информирана за дојави за поставени бомби во неколку училишта низ Црна Гора, како и во зградата на Собранието. Од Собранието ја информираа ТВЦГ дека вработените денеска нема да се вратат на работа и дека сите собирни сали, не само централната, се испразнети.
Евакуирани се училиштата во Подгорица, Бар, Никшиќ, Бијело Поље, Колашин, Мојковац, Даниловград и Тиват.