Пол (78) и Мери (76) во брак се веќе 56 години, за време на кој на својата сопруга ја дарувал дури со 55 илјади фустани.
Пол сакал неговата Маргот да има секогаш нов фустан кога оделе на игранки. Таа желба доведе до тоа што Маргот денес има вистинска колекција од 55 илјади фустани.
Сепак поради лошата здравствена состојба на сопругжниците, фустаните кои заземаат простор од шест големи контејнери сега се ставени на продажба.
Како што вели Пол, нему и на сопругата танцувањето им го променило животот откако се вљубиле.
– Маргот е љубовта на мојот живот и остана така до ден денешен. Тргнав по неа во САД и покрај тоа што моето семејство беше против. Живеевме на различни места додека не дојдовме во Лос Анџелес. Колекцијата фустани секогаш растеше па барав поголем имот. Секогаш сум и купувал на Маргот фустани, каде и да одев, рече Пол.
Пол објаснува како е дојдено до бројката од 55 илјади фустани.
– Сакав да ја гледам како танцува и собирав фустани за неа. Бев фасциниран од фустаните од педесетите, затоа што дишеа со неверојатна женственост. Секоја недела одевме на игранка и јас сакав Маргот секогаш да има друг фустан.
Сепак, 55 илјади фустани ни самата Маргот не стасала да ги облече. Опсесијата на Пол отиде предалеку па купувал фустани пред работа, во текот на работа и после работа, а подоцна често одел и на распродажби и така знаел да купи 30 фустани дневно.
Но после две деца, 56 години брак и 55 илјади фустани оваа двојка дојде до точката кога мора да почне да ја распродава својата колекција, секако на целата.
– Кога ги купував фустаните не ни гледав дали се фирмирани, па се покажа дека имаме колекционерски примероци на фустаните на Оскар де ла Ренте и Вера Вонг, заклучи Пол.