Државата најде начин како да дојде до заштедите на граѓаните: Ќе им се нудат обврзници со повисока камата отколку во банка

Од:

На големо се промовира новата граѓанска обврзница која министерството за финансии ќе ја издава почнувајќи од јуни со минимален износ од 10.000 денари и рочност од две години, но министерот Фатмир Бесими се уште не ја открива висината на каматната стапка.

„ Граѓанските обврзници се долгорочни државни хартии од вредност наменети за граѓаните, кои имаат за цел да ја поттикнат инвестициската активност кај граѓаните, да влијаат на понатамошно развивање на пазарот на капитал во земјава и последно, но најважно – да им донесат приноси на имателите“, истакна Бесими во својата нова колумна посветена на граѓанската обврзница.

Со тоа што граѓаните своите готовински заштеди ќе можат да ги инвестираат во граѓанска обврзница со што би се намалила готовината во оптек, на тој начин би се сузбила сивата економија, смета министерот и додава дека ефектите се повеќекратни, за економијата, но и за граѓаните.

– Во време на висока инфлација, тие ќе ја заштитат вредноста на своите пари, преку солидна камата која ќе ја добијат од државата. Држaвните хартии од вредност се сметаат за безризични финансиски инструменти, односно кај инвеститорите се познати како најсигурни инвестиции. Рочноста на овие хартии од вредност ќе биде на две години, a минималниот износ за инвестирање ќе биде 10.000 денари, додека каматната стапка дополнително ќе се утврди, соодветно на финансиските пазарни услови, додава Бесими.

На овој начин државата би си обезбедила финансии со пониска цена од дома, наместо да купува скапи пари на странските финансиски пазари. Преку овој инструмент државата планира во Буџетот за 2023 година да инкасира 50 милиони евра.

И досега граѓаните можеа да купат државни записи издадени од Министерството за финансии со каматна стапка од 4% со минимален номинален износ од 10.000 денари, но преку нашите комерцијални банки со провизија од околу 0,16%.

Зад овие граѓански обврзници ќе стои државата, а не банките, што ги прави далеку посигурна инвестиција отколку штедните влогови кои и онака се со многу ниска пасивна каматна стапка за орочување од 24 месеци колку што е планирано со обврзницата. Каматните стапки кај банките се движат од 0,25% за 12 месеци до максимални 3,50% за 36 месеци.

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска не очекува дека издавањето на граѓанската обврзница ќе има позначајни ефекти врз банкарскиот сектор.

– Со оглед на најавата дека станува збор за издавање на обврзница во износ од 50 милиони евра во денарска противвредност сепак тоа е исклучително мал износ во споредба со депозитниот потенцијал во банкарскиот систем којшто тековно изнесува околу 8 милијарди евра така што не би се очекувало дека тоа би имало некои позначајни ефекти врз банкарскиот систем, изјави таа.

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, пак смета дека овие 50 милиони евра кои ќе се обезбедат од граѓаните, се за да се финансира криминалот на партиите на власт.

„Е, сега покрај тоа што сакаат да ги земат парите од граѓаните односно да се прелеат од банките во министерство за финансии, поголем проблем со ваквата одлука или мерка, како и да ја наречеме, е тоа што они ќе влијаат на поскапувањето на сите кредити кои што ги има населението. Јас не познавам куќа во која што барем еден потрошувачки кредит нема“, појасни таа.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Кривична пријава за пет лица поради фалсификување пари

А1он