Украина: Убиен чувар во Одеса, го убија остатоци од урната руска ракета

Од:

Едно лице загина во рускиот ракетен напад врз Украина синоќа. Во нападот на Одеса загина чувар, кој чувал индустриски објект, a врз кој паднале фрагменти од урната руска ракета, соопшти денеска украинската армија.

„Соборениот проектил паднал врз индустриска зграда, која била оштетена. За жал, во уништувањето што настанало, загинал цивилен чувар, а уште двајца се ранети“, објави на Фејсбук Јужната команда на украинската армија.

Украинската армија објави дека проектилите делумно биле лансирани од руски бродови во Црното Море, а делумно од копнени фрлачи на окупираната територија.

Би можело да ве интересира

Контрамерка на Путин: Дозволи користење на американскиот имот како обештетување за Русија

ВИДЕО: Русија почна вежби со тактичко нуклеарно оружје

ВИДЕО: Војната во Украина е во брутална фаза

Катерина Ѓуровски

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски