Пет луѓе, меѓу кои и осумгодишно дете, се убиени во пукање во семејна куќа во Кливленд, Тексас, објави денеска ABC, повикувајќи се на локалната полиција и властите.
Пукањето се случило доцна навечер во петокот, а полицијата се уште трага по осомничениот. Станува збор за вооружен Мексиканец кој е во бегство и кој бил под дејство на алкохол. Канцеларијата на шерифот на округот Сан Џасинто околу полноќ добила пријава за семејно насилство во Кливленд, а кога полицајците пристигнале, нашле пет жртви со прострелни рани.
Полицијата не го откри идентитетот на жртвите или нивната врска со осомничениот, но потврди дека тие се од Хондурас.
Четири лица се пронајдени мртви на местото на злосторството, а петтото лице починало на пат кон болница. Најмладиот убиен е осумгодишно дете. Под телата на двете женски жртви биле пронајдени две преживеани деца.