Позната водителка го шокираше светот: Ги одмрзна клетките на починатиот син, а со помош на сурогат мајка доби внука

Од:

Шпанската актерка и водителка Ана Обрегон откри дека всушност е баба на ќерка која ја родила сурогат мајка, а не мајка.

Обрегон го добила детето со помош на сурогат мајка, а како што таа сега признала, девојчето кое го крстила по себе всушност не е нејзината ќерка, туку внука.

Детето е зачнато со помош на клетките на нејзиниот починат син, кои биле складирани во криокомора.

– Ова беше една од последните желби на мојот син Алекс, кој многу сакаше да има дете. Сега кога му ја исполнив, можам да продолжам да живеам, изјави Ана за шпанскиот весник „Хола!“

Постапката била покрената веднаш по неговата смрт.

– Сега кога ја гушкам Ана се чувствувам како повторно да го гушкам син ми. Не сакам да се оправдувам за тоа што го направив, но тоа можат да го разберат само оние кои го закопале своето дете, изјави шпанската водителка.

Таа откри дека и покрај бројните убедувања, можеби ќе ја повтори постапката, бидејќи нејзиниот син сакал многу деца.

– Кога ќе порасне Ана, ќе и кажам дека нејзиниот татко бил вистински херој и дека може многу да се гордее со него, изјавила таа за шпанските медиуми.

Ана пред две години го загуби синот, кој почина на 27-годишна возраст по долга борба со ракот.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ