Двегодишната мачка Васаби, која што го преживеа падот од 11-ти кат, најверојатно веќе никогаш нема да се обиде да лови комарци на прозорец.
Локалниот медиум „Џуно Емјпајер” наведува дека мачката паднала од прозорецот, од станот на својата сопственичка во Џуноу, на Аљаска и дека при падот се здобила со скршеница на едната нога и едниот зглоб.
– Комарецот излета низ подотворениот прозорец, а по него и Васаби, тврди сопственичката.
Мачката по падот е оперирана и сега игли и жица и ги држат скршените коски. Васаби преку ногата има и спортски розев гипс, но веќе јаде, преде и се игра, додава сопственичката, која што очекува за околу шест недели мачката потполно да закрепне.
Елена Георгиевска