Фатмир Меџити: Не сме го контактирале семејството на починатото девојче од Битола, чекаме директорот да дојде во Скопје

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Фатмир Меџити го чекаат директорот на болницата во Битола да пристигне во Скопје и да ги брифира за случајот со шестгодишното девојче кое завчера почина на одделението за Интензивна нега.

– Штом слушнавме, постапивме и таму веќе се инспекциските служби, кога ќе имаме информации ќе ги објавиме. Со семејството не сме контактирале, ќе го контактираме наскоро. Во текот на денот чекаме да пристигне директорот Александар Обедниковски – рече Меџити.

Премиерот Ковачевски откри дека бил почнат вонреден надзор за случајот.

– Имам информации, разговаравме со министерот за здравство. Почнат е вонреден надзор за случајот во битолската болница. Откако сите детали ќе ги имаат надлежните институции и врз основа на факти ќе се утврди објективната состојба и врз основа на факти треба да се изречат санкции таму каде што ќе биде потребно – истакна Ковачевски.
Шестгодишно девојче почина на Детското одделение во Битолската клиничка болница.

Девојчето било донесено во болница околу 10 часот со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа. Било примено на Педијатрија, каде што според информациите му била дадена терапија и инфузија. Состојбата на детето нагло се влошила и околу 14. часот починало.

Од обвинителството за А1он велат дека се превземени сите мерки за обезбедување на комплетната медицинска документација, а се чекаат и резултатите од обдукцијата за да се утврди од што починало девојчето.
„ Во моментов не можеме да дадеме повеќе информации, додека не заврши обдукцијата и не се спроведат сите потребни мерки“ велат од обвинителството.

Би можело да ве интересира

Македонската филхармонија ќе гостува во Битола

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Европските пари под прашалник, неизвесности за битолската канализација?!

Koњановски: Нашата цел е Битола да ја направиме модерен и уреден град достоен за сите

Горан Наумовски

Битолчани доцнат со еколошкиот план – отпадните води ги поплавија роковите

68-годишен беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад врз 12-годишно девојче