Стоилковски: Молкот од Оливер Спасовски е потврда за шурувањето со криминалци

Од:

Меѓународни извештаи потврдуваат дека нема јасна линија помеѓу криминалот и институциите што треба да се борат со криминалот, што потврдува дека институциите во Македонија шуруваат со криминалот. Оливер Спасовски две недели се крие зад флоскули и не одговара на едноставни прашања коишто го потврдуваат ова шурување рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Дали и кога е направен претрес и дали е одземено автоматското оружје во куќа во Ласкарци близу Скопје, кај близок на Сашо Тасевски директор на БЈБ, за што е објавено и видео од пукање? Дали и зошто комисија составена од Оливер Спасовски водена од негов пулен Музафер Каришиќ, издала дозвола за оружје на лице наведено во првите пет за полициска проверка и претрес од листата Безбеден град? Дали и зошто на листата составена од имиња безбедносен ризик во Скопје се лица од криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, а нема членови на криминалните групи Беланоца, Кондово, Барон? Дали и зошто на листата за проверка нема повратници доброволци од војните во Сирија и Ирак праша Стоилковски.

Тој вели дека молкот од Оливер Спасовски е потврда за шурувањето со криминалци.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина