ФОКУС: Градската болница „8 Септември“ ја тресе скандал – Десетици оперирани пациенти од „перде“ на очи го изгубиле видот!”

Од:

СКАНДАЛ „ПЕРДЕ“!!!

Десетици пациенти останале со оштетен вид или го загубиле видот по лошо изведени оперативни зафати во Градската болница „8 Септември“ дознава ФОКУС. Пациентите обвинуваат една очна лекарка. Од болницата го потврдуваат случајот, но молчи Министерот Тодоров!

ФУНКЦИОНЕРИ ОД МИЛИОН ЕВРА

Куќи, станови, шуми, штедни влогови се дел од недвижностите со кои функционери од Македонија располагаат во странство. Меѓу луѓето со богато финансиско досие има амбасадори, министри, пратеници…

НИМИЦ АНТЕ ПОРТАС!

Медијаторот подготвува терен. За две-три недели, кај и да е, во Њујорк, големите ќе ги седнат премиерите Груевски и Самарас. Да најдат и да постигнат компромис. Каков-таков, „има да го има“!

КЕЖАРОВСКИ ВОЕН ЗЛОСТОРНИК!

Премиерот Груевски го изедначи Кежаровски со новинари кои се осудени од Хаг за издавање заштитен сведок. Заборави да спомне дека тие се осудени парично или до три месеци затвор!

ДУШМАНСКА МАКЕДОНИЈА

Во интервју за ФОКУС основачот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски ја прогласи антиквизацијата за најдушмански проект во Македонија. Смета дека држењето на земјата надвор од ЕУ е самоубиствена политика!

ЈАНУС ПОЛИТИКА!

Пред 10 години Груевски опозиционерот нѐ убедуваше дека ако медиумите ги забошотуваат грешките на власта, ја умртвуваат демократијата. Денес ваквите ставови ги третира како предавнички!

Би можело да ве интересира

Дисциплински мерки за несоодветно постапување на полициски службеници со новинарка од Фокус

ЗНM: Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди во корист на „Фокус“ во случајот против Сашо Мијалков

А1он

Жерновски ќе тужи: Не сакам моите деца да мислат дека татко им е криминалец

Ана Ололовска

Општина Центар: Жално е што „Фокус“ пласира тенденциозни и манипулативни текстови за да се оцрни работењето на Жерновски

Ана Ололовска

Уставен „пресече“ против „Фокус“ а во корист на Мијалков

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Костова: Срамот за цензура на „бомбите“ ќе го носат тие што ќе го гласаат законот

Емир Латифовиќ