Турската национална разузнавачка агенција (МИТ) во средата на северот на Сирија го неутрализирала терористот на ПКК/ЈПГ, Халил Менџи, планерот на терористичкиот напад во Истанбул во ноември 2022 година, јавува Анадолу.
Како што наведуваат безбедносните извори, Менџи ги надгледувал извршителите на бомбашкиот напад во Истанбул, Алхам Албашир и Билал Хасан, а потоа му помогнал на Хасан да побегне во странство.
Менџи е неутрализиран во специјална операција во градот Камишли во североисточна Сирија, кој е под контрола на ПЈД/ЈПГ.
Тимот за специјални операции на МИТ го следеше Менџи, откако се дозна дека го штити терористичкаta организација и дека е во контакт со челниците на ЈПГ.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК на 13 ноември 2022 година го изведе терористичкиот напад во преполната улица „Истиклал“ во Истанбул во кој загинаа 6, а 81 лице беа повредени.