Јужноафриканските власти соопштија дека најмалку 20 луѓе загинале, а 68 се повредени во судир на туристички автобус и комбе што превезувало пари. Судирот се случил синоќа околу 20 часот на автопатот N1 во областа Махадо во Лимпопо, пишува Daily Mail.
По несреќата автобусот се превртел и паднал во реката. Службите за итна помош и противпожарната служба набрзо пристигнале на местото на настанот. Три лица се пронајдени мртви покрај патот, а уште 16 мртви покрај реката.
Едно лице починало при транспорт во болница. Повеќето од загинатите кои беа пронајдени покрај реката останале заробени под автобусот. Причината за несреќата се уште не е позната.
Службите за итни случаи соопштија дека пред инцидентот имало обилни врнежи во областа.