Потврдена кандидатурата на Андрија Мандиќ за претседателските избори во Црна Гора

Од:

Црногорската Државна изборна комисија (ДИК) денеска ја потврди претседателската кандидатура на претседателот на Новата српска демократија (НСД), Андрија Мандиќ, откако со проверката беше утврдено дека има доволно важечки потписи за неговата кандидатура да биде валидна.

-За никој да не сфати погрешно, административното барање за некомплетноста на одредени потписи беше сосема поинаку од барањето за двојно државјанство. Не сакам да се мисли дека некој од ДИК нема доверба во одредени кандидати и дека нема еднаков пристап кон сите, изјави членот на ДИК Милисав Ќориќ, пренесува РТЦГ.

ДИК на седницата во петокот не ја потврди кандидатурата на Мандиќ поради некомплетна документација, па беше побарано кандидатурата на Мандиќ да биде вратена на ревизија.

Републичката изборна комисија на Србија (РИК) вчера испратила допис до ДИК, во кој се наведува дека ќе ги проверува наводите за државјанството на Мандиќ, како и на најавениот кандидат Милојко Спајиќ.

РТЦГ потсетува дека во петокот ДИК се обрати до Републичката изборна комисија во Србија со барање да им даде информации дали Андрија Мандиќ (ДФ) и претседателскиот кандидат Милојко Спајиќ (Европа Сад) имаат право да гласаат и да престојуваат во Србија.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала