Тројца бугарски државјани по расправијата со македонските полицајци беа приведени од полицијата на граничниот премин Деве Баир, а на дел од останатите не им беше дозволен влез затоа што биле на црниот список на лица кои не смеат да влезат во Македонија.
Ова за „А1он“ го тврди Бојан Донев од Софија кој со своите пријатели по вторпат сакал да дојде во Скопје откако учествувал во чествувањето на Мара Бунева на скопскиот Кеј.
– Ова ми е вторпат како ја посетувам Македонија, првиот пат беше чествувањето на Мара Бунева. Сега доаѓам со пријатели од Софија за да положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев кој како што знаете е бугарски револуционер. Седум часа сме тука. Полицијата ми ја зеде личната карта и како што знам сите луѓе кои сме биле на Мара Бунева сега нема да не пуштат да одиме кон Скопје. Прво велеа дека не работи системот што беше апсурд затоа што коли кон Бугарија минуваа. Откако чекавме шест часа, пуштија некои возила. Сите што беа дојдени на Мара Бунева, влегле во црниот списоккој е забранет. Никој од над не го прекршил законот. Какво лошо ќе направиме ако му оддадеме почит на човеког кој си го дал животот за слободата на Македонија. Јас станав објект на репресија затоа што не сум престапник, не сум го прекришил законот и не сум тргнал да убијам некого – рече Бојан Донев.
По неколку часовно чекање поради пад на системот, колоната возила со Бугари кои требаше да одат на чествување на македонскиот револуционер Гоце Делчев, почна да се движи.
Но, откако влегоа две возила, полицијата почна да ги реди останатите во колона после преминот, неколкумина беа вратени назад поради црната листа која ја имало таму.
Претставникот на Фондацијата Македонија, Никола Арнаудов со кого „А1он“ договори интервју после граничниот премин, се јави за да го одложи интервјуто затоа што мораше да заврти круг на граничниот премин и да се врати назад за Бугарија откако добил документ дека не смее да влезе во Македонија.
– Чекавме повеќе од шест часа со образложение дека системот е паднат, а гледавме дека кон Бугсрија се влегува. Јас добив документ со кој ми е забрането да влезам во Македонија – рече Никола Арнаудов за А1он од Фодндација Македонија.