Таравари: За влез во Влада сакаме директори на Царина, УЈП… или ништо од коалиција

Од:

Нема да чекам до недоглед, идната недела ќе се знае дали влегуваме во владината коалиција или не, вели во интервју за А1он лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Иако вели дека најважно му е да се испеглаат програмските разлики, сепак потенцира и дека немаат намера да влезат во владината коалиција ако им се дадат некои небитни директорски места или министерства.

„ Немаме намера да сме само кукла во оваа коалиција. Корупцијата, владеењето на правото ни се на врвот на приоритети и затоа очекуваме соодветни позиции каде ќе можеме вистински да придонесеме за искоренување на корупцијата. Пример директори на УЈП, Царина, или слично “, вели Таравари.

До вчера, најлутиот критичар на ДУИ и Ахмети одговара на прашањата зошто сега се премисли и од „никогаш во коалиција со ДУИ„ сега е на праг да седат на иста маса, го променил ли мислењето за како што велеше „најголемо зло за народот, криминалното ДУИ“ или ?

Дали се е ова само пазар за фотелји или се работи за протнување на албанските интереси и бришењето на флоскулата за службената употреба на јазиците во Уставот „ во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат јазик кој е различен од македонскиот“ да се замени со македонскиот и албанскиот јазик? Дали ова ова барање останува во клучните барања на Алијанса за влез во коалицијата?

Дали Таравари е човекот кој ќе му „шепне“ на Ковачевски кои пратеници, од довчерашните партнери ВМРО-ДПМНЕ може да се премислат за менувањето на Уставот?

Одговорите на овие прашања во интервјуто на А1он со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време