Навивачите на Новак Ѓоковиќ доживеаја непријатност пред неговиот меч со Алекс де Минор на Австралија Опен. Обезбедувањето се обиде да им ги одземе српските знамиња на приврзаниците на Ѓоковиќ, бидејќи ги помешале со руски знамиња.
In Australia they are confusing Serbian and Russian flag pic.twitter.com/cNQykPG7hE
— Medan (@sumnjam) January 23, 2023
Според одлуката на организаторите на турнирот, на трибините се забранети руското и белоруското знаме, па обезбедувањето, кое не прави разлика меѓу националните симболи на двете земји, ги запрело српските навивачи кои дошле на натпреварот обвиени во знамињата на Србија.
Снимката која се појави покажува како тие на крајот пребарувале на интернет како изгледаат знамињата, за да му докажат на обезбедувањето дека нема причина да не ги пуштат внатре.