Властите од областа на Кена на југот од Египет затворија штрк обвинет за шпионажа, јавува дописникот на МИА од Париз.
Како што јави француската меѓународна телевизија Франс24м причината за затворањето на штркот била „сомнителната“ електронска кутија која штркот ја имал на грбот.
Еден жител на регионот, вознемирен од необичниот товар на штркот, успеал минатиот викенд да го фати и да и го предаде на полицијата.
Ветеринарот кој бил контактиран од полицијата утврдил дека станува збор за електронски уред, ставен на грбот на штркот од француски научници кои ги следат патувањата на штрковите.
Франс24 не јави дали штркот е ослободен од полицијата, но штркот викендот го поминал во притвор во очекување на одлука на јавниот обвинител.