Терористичката организација ИД ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад пред зградата на авганистанското Министерство за надворешни работи во Кабул.
Aмак, пропагандниот медиум на ИД, на Телеграм објави дека член на нивната организација „успеал да помине контролен пункт“ на талибанците и „потоа го активирал својот експлозивен појас меѓу персоналот и чуварите додека тие излегувале низ главниот влез“ на министерството, убивајќи повеќе луѓе, „вклучувајќи дипломати“.
Полицијата соопшти дека во нападот загинале пет лица, а извор од Министерството за информации претходно изјави дека животот го загубиле 20 лица. Локалната болница прими 40 повредени во нападот.
Извор: МИА