Двоен живот денес е многу полесно да се води отколку некогаш кога немало агенти, кои за за одредена сума ќе го убедат светот дека сте биле на службено патување, семинар.
Со пари во 21 век може да се купи се. Една агенција за обезбедување потврди дека за најразлични лаги едвај стигнува да одговори на сите барања на клиентите, кои ги има се повеќе.
Шпиген онлајн изданието пишува дека најчесто се плаќа алиби за паралелен живот, што подразбира широка палета на активности од изнајмување стан во град по желба, преку купување на дребулии кои се неопходни, па се до изигрување колега на работа.
Според зборовите на Патрик Улмер, сопственик и еден од експертите во агенцијата, неретко се случува да е потребно да се расфрли гардероба и ситници по куќата, фрижидерот да се снабди со омилената храна, да се најде соодветна козметика, дури и шамивчиња или ткаенина со која клиентот ги брише очилата.
Лагите кои се претвораат во вистина можат да бида помали или поголеми, но за вработените во агенцијата секоја задача е работа, како возењето такси на пример.
– Се што треба клиентот да направи е да отвори врата, се другото е наша работа, која пред тоа веќе завршена, објасни Улмер истакнувајќи дека цената на услугата варира во зависност од количината на работата за која е побарана „поправка“ на лагата, но оти алибито за паралелниот живот не ја поминува сумата од четири цифри (во евра, секако).
Ангажирањето околу текстуалните пораки чини девет евра, неопходни пратки и до 59 евра месечно, резервирање летови 89 евра.
Повик на состанокот 69 евра, а доколку е неопходно лицето кое ве повикува некаде да биде на располагање за разговор или за некој вид проверка, цената расте на 99 евра.
На списокот на услуги е и „авто сервис“ каде доминира додавање километража, затоа што ако клиентот треба да оди на службен пат некаде далеку, а оди на другиот крај на градот, ќе го издаде сопствениот автомобил.
– Им ја даваме на луѓето слободата која им е неопходна, нагласи Улмер, затоа што главниот проблем на оние кои лажат е тоа што тајните почнуваат нив да ги контролираат.