На воениот аеродром во Кабул се случи експлозија во која има загинати и повредени лица, изјави портпаролот на МВР Нафи Такур.
– Утрово се случи експлозија на воениот аеродром во Кабул, во која загинаа и повредени неколку наши државјани – се наведува во соопштението.
Во тек е истрага, по што ќе се знае причината за експлозијата.