Запален објектот „Ранка Милановиќ”: Спасен човек, повреден пожарникар

Од:

Запален објектот на поранешниот дом за деца без родители и родителска грижа „Ранка Милановиќ“. Таму сега престојуваат бездомници. Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски посочи дека пожарот е изгаснат, а последиците од него не се познати. Тој додаде дека спасен е човечки живот, а повреден е и пожарникар.

„Пожарот кај поранешниот дом „Ранка Милановиќ“ е целосно изгаснат. Пожарникарот Иво Цветковски кој утрово го прогласивме за пожарникар на годината, вечерва спаси човечки живот и самиот заврши со полесна повреда. Благодарам на командантот и целата единица на противпожарната бригада на Град Скопје која вечерва е на смена за брзата и енергична реакција!“, посочи градоначалникот.

Објектот каде престојуваат бездомици, а вечева не се знае како е заплен, веќе подолго време е причина за поплаки од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола

Нема активни пожари, а еден е под контрола – кај село Белица и Јасен

Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски