Кога пластичниот хирург Дејвид Метлок првпат на консултации прими жена по име Вероника, мислел дека само ќе разговараат за планираната постапка за реконструкција на вагината. Тој тогаш не ни знаел дека наскоро ќе и даде и венчален прстен.
Метлок, кој ја стекна славата со својот Институт за ласерско помладување на вагина, денес вели дека тоа била љубов на прв поглед.
Тој веднаш ја убедил Вероника да се согласи на процедурата која ја нарекол „чудесна жена“, а која подразбира липосукција брада, раце и бутини. Таа веднаш се согласила.
Веќе на првото излегување ја запросил, а од тогаш вели тој, непрекинато ја прави уште поубава.
Меѓутоа, не сите членови на семејството се воодушевени со ваквата пракса.
– Никогаш не би одела на таква операција, затоа што тоа не си навистина ти, изјави деветгодишната ќерка на Вероника, Изабела.
Докторот Метлок имал проблеми со пријателите и членовите на семејството поради своите постапки. Но, освен тоа има проблеми и со законот. Обвинуван е дури десет пати за лекарски грешки, одземена му е дозволата во 1998 година, обвинуван е и за бројни измами.
Меѓутоа, тоа на брачната двојка Метлок не им пречи и тие не дозволуваат што било да застане на патот на нивната љубов.
– Освен салото, во шега заклучува Вероника.