Продаваат позитивни тестови за бременост

Од:

Голем број жени од Америка почнаа преку интернет да продаваат позитивни тестови на бременост .

Една од идните мајки од Бафало тврди дека своите искористени тестови ги продава за по 25 долари.

– Сакате да го натерате вашето момче конечно да го постави прашањето или да се пошегувате со родителите или пријателите, пишува друга идна мајка од Њу Џерси.

Сурфајќи по интернет продавницата „Craigslist“ може да се види дека „продавачки на позитивни тестови“ не недостасуваат, а многу од нив се свесни дека нивните муштерии, тестовите можат да ги корисита и за многу сомнителни ситуации.

Една жена од Лос Анџелес сака да купи позитивен тест за да „сними видео за тинејџерската бременост“, за потребите на својот клуб за локалната младина.

Коментаторите огласот веднаш го прогласија за сомнителен. Некои купувачи отворено ги наведуваат причините за купување на позитивниот тест, а варираат од освета, па до неумесни шеги.

Идните мајки на овој начин можат многу лесно и добро да заработат. Тестот за бременост во апотеките чини меѓу 10 и 20 долари, додека на интернет може да се купи и за помалку од еден долар.

Сајтот „Craigslist“ стана некој вид подземна продавница и за други работи кои се поврзани со бременоста и плодноста. Така некои жени го продаваат своето смрзнато млеко и разноразни сомнителни лекови за плодност.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ