Поранешниот тапанар на групата Guns ‘N’ Roses, Мет Сорам денеска во едно јапонско рибарско гратче, заедно со други активисти, протестираше поради годишниот лов на делфини.
Сорам е последна во низата познати личности кој се придружи на глобалната компанија за запирање на убиствата на делфини во Таиџиј, рибарско место во централна Јапонија, претставено во документарецот „Залив“ (The Cove), каде тајно се снимени сцени на лов на делфини и прикажана целата бруталност и бесмисленото убивање.
Филмот, добитник на Оскар во 2009 година, прикажува како делфините се носат во еден залив каде рибарите ги убиваат со копја и после ги користат за јадење.
Рибарите велат дека тој лов е дел од традицијата на селото и велат дека западните критичари кои јадат други видови месо се дволични. Во филмот се прикажува Рик О’Бери кој ги тренирал делфините за телевизиската серија „Флипер“ од 1960 година, а подоцна се посвети на заштита на делфините и нивното зачување во природа.
Сорам пристигна во Таиџи вчера, на денот кога почнува годишниот лов на делфини заедно со О’Бери и десетици јапонски и западни активисти за заштита на загрозениот вид.
– Ова е како ноќен кошмар, ми изгледа како зона на самракот, нешто надреално, целосно со неверување гледам што се случува пред мене, рече Сорам во телефонскиот разговор после гледањето на ловот.
О’Бери рече дека тие се дојдени да ги поддржат јапонските активисти. – Само се слуша за крв и внатрешни органи, а зад сето стојат помалку од 50 луѓе. Не е ни целиот град Таиџи, а секако не целата земја Јапонија, рече О’Бери.
Сорам рече дека планира да организира рок концерт во Токио на тема славење на делфините, каде ќе настапат јапонски и западни музичари вклучувајќи го неговиот нов бенд „Kings of Chaos“.
– Ќе донесам многу познати, големи рок ѕвезди. Главна работа е да се придобијат јапонските деца, рече тој.