Педијатри во Србија: Постои реална шанса за епидемија на сипаници

Од:

Претседателот на Здружението на педијатри на Србија, Георгиос Константинидис изјави дека поради пад на бројот на вакцинирани, во Србија постои реална шанса за епидемија на сипаници. Во изјава за РТС посочи дека несакани ефекти по вакцинацијата генерално не постојат.

Според него, особено загрижува падот на стапката на вакцинација против морбили, заушки и рубеола со ММР вакцината, која во 2021 година изнесувала 75 отсто на национално ниво и, како што наведе, „во еден град 24 отсто“, пренесе Бета.

– Довербата, која постоеше во медицината и во институциите на општеството, исчезна благодарение на дезинформациите…медиумите наместо да бидат извор на точни информации, во голема мера станаа извор на дезинформации. Малите сипаници и вакцините се репрезентативен пример на таа политика, рече Константинидис.

РТС на својата веб-страница објави дека УНИЦЕФ предупредиле дека во Србија е можна појава на сипаници и други болести што можат да се спречат со вакцини.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија