Јужноафриканскиот град Дурбан, на источниот брег на Индискиот Океан, ја затвори својата плажа откако три лица загинаа кога голем бран ги поплави, соопштија тамошните власти, пренесе Танјуг.
Службите за итни случаи рекоа дека „одговориле на извештаите за чуден бран зафатил група луѓе на плажата покрај пристаништето предизвикувајќи повеќе повреди“, а 17 повредени лица се во болница.
Од локалната општина соопштија дека огромен бран погодил повеќе од 100 луѓе на плажата, која е една од најпопуларните во овој период од годината, кога таму започнува летото.