Актуелните светски шампиони, Франција се наоѓаат во супер-тешка ситуација во големото финале, откако во 36 минути игра не направија ниту една шанса пред противничкиот гол, а Аргентина веќе има 2:0 водство по супер-брзата акција во режија на Лео Меси, Алексис Мек Алистер и „џокерот“ Анхел ди Марија.
Откако дојдоа во водство во 26. минута со голот од пенал, Аргентинците продолжија со притисокот за во 36. минута со фантастична акција да го удвојат водството и да дојдат на чекор до големата трета светска титула.