Стадионот „974“ на кој се играа натпревари на Светското првенство во Катар, дефинитивно е минато во оваа земја. На овој стадион се одиграа седум натпревари. ФИФА реши Уругвај да биде новиот дом на овој уникатен стадион.
Познато е дека стадионот „974“ е монтажен, направен од 974 контејнери, па така и го добил името. ФИФА заедно со Катар, претходно одлучи да го донира стадионот.
Изборот падна на Уругвај, а многумина сметаат дека со овој потег ФИФА „навива“ Уругвај, Чиле, Аргентина и Парагвај да ја добијат заедничка кандидатура за Светското првенство во 2030 година. Во 2030 година ќе се обележи 100. годишнината од првото СП одржано во Уругвај.
Извор: Топспорт