Блокадите на Скопје продолжуваат

Од:

Автобусите на приватните превозници и денеска ги блокираат неколкуте клучни крстосници во Скопје. Четврти ден траат блокадите на автобуските превозници кои се во конфликт со Градот Скопје поради неисплатени долгови.

Градот и градоначалничката Данела Арсовска и натаму стојат на позицијата дека не треба да преговараат со превозниците и оти тие долговите треба да си ги побараат на суд. Од Град Скопје ја повикаат МВР да интервенира и да ги тргне блокадите.

Од друга страна, директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски соопшти дека се повлекува од претоестите и од сите понатамошни случувања бидејќи како што објасни неговото име премногу се користело во политички пресметки.

Од второто здружение на автобуски приватни превозници „Макекспрес“ вчера во соопштение порачаа дека не се организатори на блокадите и побараа партиите да не го политизираат протестот.

Главниот град е соочува со големи проблеми во сообраќајот поради блокадите. Граѓаните константно се жалат дека не можат да стигнат ниту на работа, ниту пак можат да ги завршат обврските. Автобусите на ЈСП заглавуваат во метежот и возат по алтернативни маршути поради што стигнуваат со големи задоцнувања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата