(ВИДЕО) Скопје за време на блокада: Од Ѓорче до Аеродром со велосипед за 30 минути, со автомобил за 50

Од:

Од Ѓорче Петров до Тобако во Аеродром се стигнува за 30 минути со велосипед, без брзање, застанување, гужви, а по патеката на Партизанска. Со автомобил, треба минимум 20 минути повеќе, а попатно, ќе наидете на блокирани крстосници, застанување на семафори по 2-3 пати, свирежи, нервозни возачи, пцуење. Ваква е сликата во Скопје веќе неколку дена, вклучително и денеска.

„А1он“ направи обиколка на градот. Гужви има на одделни клучки, како што е раскрсницата кај Железничка, раскрсницата кај „Ист гејт“, клучката кај „Бит Пазар“, но на моменти и позади трговскиот центар „Рамстор“ настанува хаос. На „Трета Македонска бригада“ се вози без проблем се додека не се стигне на крајот од булеварот, кај полициската станица „Пролет“.

Рекорд попладнево не беше блокиран, а протокот на сообраќај нормален. Илинденска, се до бараките на Град Скопје се вози без проблем. Партизанска немаше гужви, освен кратки задржувања. Сообраќајот течеше нормално и на „Митрополит Теодосиј Гологанов“, каде вообичаено ги има најголемите гужви, при блокади во градот.

Во Скопје, граѓаните бараат и алтернативни начини да поминат од еден до друг крај на градот. До блиските локации одат пеш, а на подалечните со велосипед. Се повеќе се користи и јавниот градски превоз, што може да се забележи од преполните автобуски станици и автобуси.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан