Фудбалската репрезентација на Мароко е првото големо изненадување на Светското првенство во Катар. Тие на пенали (3:0) успеаја да ја елиминираат Шпанија и се пласираа во четврт-финалето на Мундијалот, каде го чекаат подобриот од дуелот меѓу Португалија и Швајцарија.
По регуларните 90 минути, а и по продолженијата немаше голови. А Шпанците не постигнаа ниту еден и при изведувањето пенали. Дури три удари од белата точка промашија, Сарабија го погоди дирекот, а Боно ги одбрани шутевите на Карлос Солер и на Серхио Бускетс.
Мароканците реализираа три пенали, преку Сабири, Зијеч и Хакими.
Извор: Топспорт