Двајцата пилоти од паднатиот хрватски борбен авион МиГ-21 се пронајдени живи. При неговиот пад пилотите успешно се катапултирале и слетале, извести попладнево Министерството за одбрана на Хрватска.
Пилотите се во стабилна состојба, надвор од животна опасност и ќе бидат пренесени во болница на лекарски преглед. Тие успешно се катапултираа од двоседниот авион МиГ-21, кој се урна за време на планираната обука во близина на Слатина. Два хеликоптери на хрватското воздухопловство Ми-171, припадници на полкот на воената полиција и едно беспилотно летало веднаш биле испратени на местото на несреќата заради потрага и спасување.