Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Од:

Авион „Боинг 737-800“ со 153 патници и шест членови на екипажот на летот од Денвер до Едмонтон морал принудно да слета поради зајак кој предизвикал пожар во моторот, пишува „Скај њуз“. Инцидентот се случил во неделата, веднаш по полетувањето.

Авионот се врати безбедно и слета во Денвер. Никој не е повреден, што е најважно.

“Слушнавме силен тресок и почувствувавме силен трепет. Го продолживме искачувањето. Од време на време се слушаше тресок од моторот и зад него се појавуваше огромен пламен. Сите во авионот потоа почнаа да паничат”, изјави патникот Скот Волф за “Добро утро Америка”.

По вонредното слетување, патниците го продолжиле патувањето до Едмонтон со друг авион. Американската федерална управа за авијација (FAA) потврди дека екипажот пријавил „удар на животно за време на полетувањето“, бидејќи екипажот известил дека најверојатно се работи за зајак кој бил вовлечен во моторот.

Екипажот пријавил чуден звук, а потоа и потрес. Веднаш потоа се видел огромен пламен кој доаѓа од моторот.

Би можело да ве интересира

Со дронови нападнати два турски цивилни брода во Црното Море, има повредени

Продавачот на пазарот го опиша нападот од рускиот дрон во Херсон: „Му покажував зеленчук за да види дека не сум закана“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

Сопругот на италијанската министерка кој исчезна во езеро е пронајден мртов

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руски дрон нападна и бркаше продавач на пазар во Херсон

Предраг Петровиќ

Авион принудно слета во Белград: Во тоалет е пронајден мртов патник