Сантош му се налути на Роналдо: Тоа воопшто не ми се допаѓаше

Од:

Португалскиот селектор Фернандо Сантош призна дека му се налутил на Кристијано Роналдо за неговата реакција кога беше заменет за време на петочниот меч против Јужна Кореја и не сакаше да потврди дали тој ќе биде стартер во осминафиналето против Швајцарија.

Роналдо беше видливо исфрустриран што беше беше заменет во 65. минута во драматичниот 1:2 пораз, а камерите го фатија како коментира: „Тој се брза да ме замени“. По ова, тој беше вклучен во расправија со корејскиот фудбалер Чо Гуе-Сунг, и Сантош признава дека ја „фатил“ реакцијата по мечот.

„По мечот, зборував во кратко интервју и потоа на прес-конференцијата и кажав нешто што ќе го повторам тука – на теренот, не слушнав ништо. Бев предалеку и само го видов дека се расправа со корејскиот фудбалер. Дали потоа ја видов снимката? Да. Не ми се допаѓаше. Не ми се допаѓаше воопшто. Но, тоа се работи кои се средуваат интерно во тимот. Сега, имаме друга задача, утрешниот меч и сите се фокусирани на тоа. Дали ќе игра утре? Јас кажувам кој ќе игра само на луѓето во соблекувалната кога ќе бидеме на стадионот. Така е секогаш“, вели Сантош.

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата