Дани Алвеш ќе стане најстариот капитен на Бразил на едно СП

Од:

Ветеранот Дани Алвеш утре ќе стане најстариот капитен во историјата на Бразил на едно Светско првенство, откако селекторот Тите, откако контроверзно го вклучи 39-годишниот бек на УНАМ Пумас во составот, наводно само поради тоа што е близок пријател на Нејмар.

Алвеш, кој се опорави од повредата за свое трето Светско првенство, ја доби честа од Тите да ја носи капитенската лента на мечот со Камерун, каде што ако избегнат пораз ќе го осигураат првото мсто во групата Г по победите над Швајцарија и Србија.

„За мене е многу голема работа што го носам бразилскиот дрес и горд сум на сите успеси. Со бразилската репрезентација сум со години и среќен сум што можам да го завршам овој циклус со настап на Светско првенство. Во овие 16 години го давав мојот максимум, а секогаш сум мислел дека животот ги наградува тие кои го прават тоа што го сакаат“, изјави Алвеш.

Тите, кој се очекува да ги избере Данило или Едер Милитао на оваа позиција во нокаут-фазата, вели дека уште не е фокусиран на осминафиналето, каде што потенцијални противници им се Гана, Португалија или Јужна Кореја.

„Имаме 26 одлични фудбалери и немаме време да се фокусираме на тоа што доаѓа понатаму. Зафатени сме со работа, подготовки. Имам време само за вечера со моето семејство и потоа работата продолжува. Имаме јасна цел – тоа е следниот меч. Во двата меча играа 19 фудбалери, така што кај мене нема стартери или резервисти. Сите се бразилски фудбалери“, вели Тите.

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата