Австралија со подвиг против Данска за осминафинале и покрај „хазардерството“ на Франција против Тунис

Од:

Франција го заддржа првото место во групата Д на СП во Катар и покрај 0:1 поразот од Тунис откако Дидие Дешам го стартуваше мечот без своите први ѕвезди, бидејќи Австралија стигна до импресивна 1:0 победа над Данска за да влезе меѓу 16-те најдобри на светот.

Одлуката на Дешам да остави на клупата повеќе од првотимците (Мбапе, Гризман, Рабио, Дембеле), сигурно ќе предизвика голема дискусија, посебно бидејќи актуелниот шампион веќе беше речиси сигурен во својот пласман како првопласиран во групата. Тунижаните го искористија ова и дојдоа во водство во 58. минута, кога Вахби Хазри ги донесе аутсајдерите во водство, резултат кој тогаш значеше дека се на второто место на табелата.

Но, кратко потоа стигна студен туш за Тунис, откако Австралија поведе против разочарувачки слабите Данци со 1:0 со голот на Метју Леки, за на крајот „сокерус“ да ја заддржат предноста и да отидат неочекувано во осминафинале. Дешам потоа ги внесе во игра Гризман и Мбапе, и во 98. минута, кога беше беше завршен мечот помеѓу Австралија и Данска и Тунижаните знаеја дека не одат понатаму, Антоан Гризман постигна израмнувачкиот гол, но тој беше поништен поради офсајд, давајќи барем утешителна победа на африканската репрезентација.

Французите сега ќе го чекаат противникот во второпласираниот во групата Д, додека Австралија игра со првопласираниот во таа група, каде што Полска, Аргентина, Саудиска Арабија и Мексико вечерва имаат шанси да влезат во осминафинале.

ГРУПА Д
Австралија – Данска 1:0
Тунис – Франција 1:0

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата